Досега 17 здравствени работници се заболени од коронавирус, а се испитуваат и од Кавадарци

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека досега има вкупно 17 здравствени работници кои се заболени од коронавирус, а се дел од клиниките ширум државата.

Филипче вели дека тоа не е резултат на непочитување на протоколите, туку поради други причини.

„Точната бројка на заболени здравствени работници, во текот на вчерашниот ден беше 17, но јас ќе повторам, тоа се здравствени работници кои не биле свесни дека имаат контакт со некој заболен. И така имаме неколку случаи. Имаме едно такво сценарио кај нас на клиниките, понатаму во Куманово, каде тестот од пациентката бил негативен. Имаме работници кои се испитуваат од Кавадарци, апсолутната бројка воопшто не би ја земал како процент на здравствени работници“, рече Филипче.

Тој посочи дека досега, нема ниту еден сомнителен случај на заболено лице вработено на Инфективната клиника.

Министерот вели дека здравствени работници се посветени на пациентите, а за терапијата објасни дека се бара начин за организација на превозот за лицата кои се лекуваат дома до Инфективната клиника.

„Сите ќе ја добијат терапијата, имаме доволни количини за огромен број на пациенти кои треба да се лекуваат. Во овој момент се организира начинот на превоз од домашно лекување до Клиниката за инфективни болести каде што пациентите ќе се евалуираат, кардиолошки. Согласно тоа дали се кандидати за терапијата или не, ќе се направи листа. Таа треба да трае пет дена. Тие лица ќе се задржав во болница или ќе се организира превоз. Сакаме да избегнеме давање на терапија во домашни услови. Во Дебар, во болницата има сосема доволни капацитети“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он