А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Досега 13 заболени од коронавирус, да се следат владините мерки и препораки

by А1он14/03/2020 - 08:21608
Share0

Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Кај четири лица од овие општини е потврден коронавирус, тие се во стабилна состојба и денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава изнесува 13.

Следете a1on на Instagram Instagram

Покрај ова, донесена е одлука да се затвори ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште – Требиште и Блато кон Албанија.

Сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни, освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и е практично на граница за да биде поставена на механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување да биде поставена на машина за дишење.

Беше тестиран и негативен на коронавирусот е патникот од Германија, кој вчера пристигна на Скопскиот аеродром, државјанин на Република Северна Македонија. Кај него било регистрирана лесно зголемена температура и затоа бил изолиран и бил земен материјал за испитување. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои биле задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

На коронавирус вчера попладне биле тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, вчера преку соопштение упати апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.

На листата на земји од висок ризик се наведени Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија, како и неколку десетини земји од среден ризик меѓу кои се повеќе европски земји, САД, Канада, Јапонија, Швајцарија, Австралија…(Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука)

Министерството за надворешни работи соопшти дека продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско – конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Од МНР повторно апелираат и во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки (листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука).

Владата ги задолжи министерствата за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за надворешни работи, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба, како и да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД се задолжени да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.

Министерството за внатрешни работи треба да определи едно лице кое ќе биде задолжено во случај на потреба од интервенција при вршење на овие вонредни инспекциски надзори од страна на инспекторатите.

koronaviruskoronavirus mkdmerkizaboleni

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Александар Тодески26/01/2024 - 12:39

Црната листа на САД ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми

А1он12/01/2024 - 07:5912/01/2024 - 08:02

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео