Дополнителни дозволи и либерализација на превозот со Романија

Од:

Македонско-романската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај  постигна договор за либерализација на билатералниот и транзитниот превоз за превозници кои вршат превоз на стока за сопствени потреби. За овие превозници превозот ќе се врши без режим на дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

На состанокот што се одржа во изминатите два дена во Букурешт, комисијата потпиша протокол, со што стапува во сила договорената либерализација.

Договорено е за годинава да се размени дополнителен контингент од 350 билатерално транзитни транспортни дозволи за превоз на стока и 50 дозволи за и од трети земји.  Договорено е и од 17 јуни годинава да се укине патната такса за дозволите за и од трети земји за македонските транспортери која досега изнесуваше и до 700 евра по тура, се вели во соопштението.

Постигнат е договор и за прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2015 година.  Опфаќа  3.850 билатерални транзитни дозволи за сите категории за возила, 1.000 билатерално-транзитни дозволи за возила со минимум еуро 3 стандард и 500 дозволи за и од трети земји без наплата на патна такса.  Договорената квота на дозволи за и од трети земји без такса за следната година е за 40 проценти поголема од досегашната.

– Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување непречен транспорт за македонските транспортери. Преку овие активности веќе е овозможено целосно либерализирање на превозот на повеќе земји со кои Република Македонија остварува економска размена, како и дополнување на контингентите за земјите со кои се разменуваат транспортни дозволи, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он