Донев: СДСМ и Георгиески потврдија дека сe што им ветуваа на охриѓани пред локалните избори паѓа неповратно во вода

Од:

За жал, серијата лоши вести поврзани со градот на чело со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески продолжува со најавениот ребаланс на буџетот на Општината за наредната седница на Совет, смета Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Замислете без никаков срам, од досега најголемиот буџет во историјата на градот се бришат милионски суми од програмите предвидени за капитални инвестиции и се зголемуваат трошењата како бенефит само за неколкумината избрани на кои директно од џебот на охриѓани ќе им се исплаќаат милионски суми.

Ставката за плаќање по судски решенија предлагаат да се зголеми за неверојатни 28 милиони денари. Како е дозволиво, знаејќи дека истите се разбира ќе бидат скратени од предвидените капитални расходи кои требаше да им донесат „живот” на охриѓани?

Од програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта се кратат околу пет милиони денари, за изградба на системи за водоснабдување четири и пол милиони денари, од изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води повеќе од три милиони денари. Околу три милиони се крати од култура, капиталните расходи во спортот се кратат за два милиони денари.

Во основно образование се кратат неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.

Дали се потврдува тоа дека толку од најавениот инвестициски бум во образование и толку од грижата за најмладите кои се наша иднина?

Ветувањата за нови градинки и реконструкции на постоечките ќе почекаат, се бришат неверојатни 16 милиони денари. Сакаме да им предочиме на нашите сограѓани како се пренаменуваат нивните пари за трошења од кои тие нема да видат никакво добро.

Да им предочиме дека овој ребаланс на буџет кој го предлагаат и без сонмение ќе го изгласаат е уште еден доказ дека се изманипулирани и излажани. СДСМ и Георгиески потврдија дека сe што им ветуваа на охриѓани пред локалните избори паѓа неповратно во вода.“, посочи Донев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ