Донесен буџетот на Град Скопје за 2023 година

Од:

Градот Скопје за наредната година донесе развоен буџет, како што известуваат оттаму, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.

„Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“. Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза. Продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година која изминува“, се вели во соопштението на Град Скопје.

„За следната година, благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во Зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк. Скопје, со новиот буџет сигурно чекори кон својот нов, модерен лик“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он