Дончев: Ќе има нов начин на функционирање на системот на квотите за лекови

Од:

Реформите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) планира да ги спроведе од 1 јануари и новиот начин на функционирање на системот на квотите на лекови во аптеките, ќе бидат соопштени на прес-конференција во наредните неколку дена, најави денеска директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Посочи дека во тек е побемна реформа според начинот на кој Фондот досега функцонираше со квотите.

– Верувам дека во наредните неколку дена ќе бидеме во можност да излеземе пред јавноста на прес-конференција за да го соопштиме новиот метод и новиот начин на функционирање на квотите. Во врска со тоа дали ќе има поголеми квоти во смисла дали ќе се зголеми буџетот, Фондот континуирано во последните неколку години го зголемува буџетот за лекови во рамките на своите можности, додаде Дончев, одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Во ФЗОМ средба за зголемување на платите во јавното здравство

А1он

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он