Донација од 50 таблети за деца од основните училишта во Штип кои потекнуваат од социјално загрозени семејства

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски прими донација од тетовската фирма „Еколог интернационал“ и семејството Дестани. Се работи за донација од 50 таблети за деца од основните училишта кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Овие таблети ќе им помогнат на многу деца да ги следат онлајн часовите додека трае вонредната состојба, велат од Општина Штип.

„Сакам да упатам огромна благодарност до фирмата Еколог интернационал и семејството Дестани од Тетово кои во овие тешки моменти за државата покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети насекаде во државата.

Во Штип донирани се 50 таблети за деца од социјално загрозени семејства кои учат во основните училишта,“ изјави Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена