Донација и пакетчиња за Клиниката за детски болести

Од:

На Клиниката за детски болести ќе се спроведе втората донација од кампањата „Шанса за живот“, наменета за Одделот за интензивна нега.

Донацијата се состои од набавка на нов инкубатор и сервисирање на три постоечки за потребите на Одделот.

На пациентите од Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести, пак, денеска ќе им бидат подарени новогодишна пакетчиња од ученици на средното скопско училиште „Арсени Јовков“.

Тие се обезбедени од хуманитарна продажна изложба на кукли во народна носија, кои учениците ги изработија за четири месеци, а се одржа овој месец во Драмскиот театар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!