Домашните произведители на оружје бараат еднаков третман и транспарентност

Од:

Еднаков третман, поголема транспарентност, недискриминација и дијалог со Владата, бараат домашните компании што произведуваат оружје.

Тие ова денеска и го предочија на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата што ја организараше Групацијата за оружје и опрема која обединува фирми кои се занимаваат со производство на оружје и опрема, сервис и трговија во Стопанската комора на Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска нагласи дека компетентноста на домашните компании воопшто не треба да се занемарува. Вети дека ќе се заложи во иднина да бидат целосно и навремено информирани во однос на постапките за набавки за потребите на МО од нивната сфера и појасни дека планот за Јавни набавки на МО ќе им биде достапен и јавен.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот