ДОМ: Жената има право самостојно да одлучува дали, кога и колку деца ќе роди

Од:

На собраниската јавна расправа за Законот за прекинување на бременоста, претседателката на зелената партија ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин образложувајќи ја поддршката за Законот, истакна дека носењето на овој Закон, е значајно од два клучни аспекта. Првиот е почитување на правата на жените, како човекови права. Жената има право самостојно, според сопствената слободна волја, да одлучува дали, кога и колку деца сака да роди. Вториот се однесува на заштитата на здравјето на жените и затоа државата е должна да обезбеди пристап до легален и безбеден абортус, истакна Морачанин.

Таа апелираше да се сопре ширењето дезинформации и манипулирањето со јавноста во врска со предложениот закон.

„Со Законот не се фаворизира абортусот, туку се пропишуваат условите и постапката за безбеден прекин на бременоста на жените кои донеле таква одлука и воопшто не ги засега жените кои сакаат да родат”, истакна Морачанин.

Во своето обраќање се осврна и на потребата од воведување на сеопфатно сексуално образование за младите да се стекнат со релевантни сознанија, во интерес на заштита на нивното здравје и унапредување на родовата еднаквост. Истовремено, од Министерството за здравство побара воведување на контрацептивни средства на позитивната листа на лекови, со цел овозможување ефикасно планирање на семејството.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“