ДОМ во Охрид, Струга, Гостивар: Туризмот и депониите не одат заедно

Од:

„Делегација на ДОМ со претседателката Лилјана Поповска во Охрид, Струга и Гостивар се сретна со партиски активисти, екологисти и туристички работници. Во разговорите за актуелните еколошки проблеми, еден заклучок се наметна како основен: Туризмот и депониите не одат заедно!

Во Охрид е голема еколошката победа со зачувувањето на Студенчишко Блато како заштитено подрачје и спречување на бетонирањето на овој природен резерват, што беше тема на јавната расправа во општината. Интензивната урбанизација на Охрид е еден од главните проблеми во туризмот, заедно со застарениот и полуфункционален колекторски систем во Езерото, но и со многубројните депонии во околината.

Истите проблеми ги мачат и Стружани, но со уште поголем интензитет, поради дивата депонија во близина на градот. Таа ја грди сликата на питомиот пејзаж, но и го загрозува здравјето. Сите загрижени граѓани бараат итно решение на проблемите со отпадот, преку координација помеѓу локалните самоуправи на Охрид и Струга, како и на Министерството за животна средина.
Проблемот со депониите стана веќе „традиционален“ во Гостивар и неговата околина и сериозно им штети и на жителите и на посетителите на прекрасните зелени ливади и падини на Шара, каде веќе има висококвалитетна туристичка понуда.

Современото управување со отпадот по принципот нула-отпад го сметаме за единствено решение, заради здрав живот на граѓаните, заради туризмот како се посериозна стопанска гранка во Македонија, но и заради отворање илјадници нови зелени работни места во оваа дејност“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски