ДОМ: Следни чекори во борбата против загадувањето од рудниците

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на денешната прес конференција го изнесе предлогот на ДОМ за следни чекори во врска со рудниците за злато и бакар.

„ДОМ смета дека по серијата референдуми против отворање рудници за злато и бакар во југоисточна Македонија, време е Владата да направи решителни чекори во борбата против загадувањето од рудниците.

Охрабрува поддршката што и ја даде премиерот Зоран Заев на делегацијата од Европските Зелени, предводена од претседателот Рајнхард Бутикофер, при нивната неодамнешна посета. На средбата беше изразена спремност за преиспитувањето на регуларноста на дадените концесии за рудниците, во интерес на здравјето на граѓаните.
Затоа му се обраќаме на Премиерот со писмено барање за одржување тематска седница на Владата на Република Македонија за рудничките концесии, пред одржување на локалните избори. Ова го поткрепуваме со конкретни аргументи:

1) Со Резолуцијата на Европскиот Парламент од 5 мај 2010 година е утврдена општа забрана за користење на лужење со цијанид во Европска Унија како резултат на 30 големи еколошки катастрофи во последните 25 години во светот. Оваа Резолуција не е земена предвид при одлучувањето за рудниците Казандол и Иловица.

2) Издавањето на концесии за истражување на минерални суровини на 370 локации (на 10.000 хектари, или 40% од територијата на Македонија), од кои десетина за експлоатација на металички минерални суровини, со лужење со цијанид и сулфурна киселина е во спротивност со:

а) Просторниот план на Република Македонија од 2004 година, според кој не се предвидени рудници на територијата околу Казандол и Иловица, туку земјоделие и лесна незагадувачка индустрија;

б) Законот за животна средина, поточно Уредбата за стратегиите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 153/07 и 45/11).

3) Пред издавањето на овие концесии не е спроведена постапка за стратегиска оцена на животната средина за утврдување на кумулативните влијанија од експлоатацијата на минерални суровини од овие 370 локации.

4) Самиот Договор за концесија на рудникот Казандол цениме дека е неодржлив, зашто не дава јасни инструкции за постапување при непридржување на концесиониерот кон позитивните законски прописи од областа на животната средина.

5) Веќе одржаните референдуми на локално ниво се јасен израз на волјата на граѓаните кои се загрижени за своето здравје и животната средина.

ДОМ смета дека клучни за оваа проблематика се министерството за економија, за транспорт и врски, за животна средина, за земјоделство и за здравство. Предлагаме формирање на Работна група со претставници од овие ресори, дополнета со претставници од ДОМ и граѓанските иницијативи против рудниците.

Предлагаме во меѓувреме да се стопираат сите тековни постапки за издавање на концесија за експлоатација на минерални суровини и да се изврши длабинска анализа на сите издадени дозволи, договори и друга документација.“

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака