ДОМ: Преиспитување и промена на трасата на гасоводот на Водно

Од:

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска се сретнаа со претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по сртот на парк-шумата Водно.

Сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места.

Во просторниот план на Република Македонија оваа парк-шума е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики и е предвиден режим на заштита како дендролошки споменик на природата.

Дополнително, Водно е најзначајното излетничко место на главниот град, а нејзиниот с’рт е дел од туристичката рута за планинари и велосипедисти, што води кон македонските туристички атракции, кањонот Матка и пештерата Врело.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност