ДОМ: Општините Охрид и Струга да не си играат со статусот на УНЕСКО

Од:

Зелената партија ДОМ најостро го осудува одлагањето на донесувањето на Одлуката за продолжувањето на мораториумот за градење и легализација на дивоградби од страна на Советот на Општина Охрид. ДОМ бара итно закажување седница на Советот на Општина Охрид и Општина Струга и усвојување на Одлуката. Со носењето на оваа Одлука ќе овозможат спроведување на мерките за заштита утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Доколку Општините не ги почитуваат одредбите на овој План, и покрај сите заложби на Владата за постапување по препораките на УНЕСКО, ќе ги изгубиме вредностите на наследството, заради кои тоа ужива статус на заштита и заради кои туристите го посетуваат. Доколку не се спроведуваат препораките на УНЕСКО, статусот на светско наследство на Охридскиот регион, може да биде изгубен уште летово.

ДОМ бара овластените општински инспекторати за градење и Државниот инспекторат за градење да си ја работат работата и да се справуваат со дивоградбите. Веднаш да се отстранат активните дивоградби и доколку е потребно Министерството за внатрешни работи да обезбеди асистенција од полицијата. Институциите мора да го применуваат Законот, реагираат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните