ДОМ: Насилниците најстрого да се санкционираат

Од:

Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите. ДОМ ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство и бара насилниците најстрого да се санкционираат.

Од ДОМ апелираат да не се споделува видеото, за да се спречи дополнителната виктимизација и стигматизација на девојката, жртва на родово базирано насилство.

„Во време кога поради корона пандемијата е неопходно да останеме дома, за голем број жени домот не е безбедна средина. Апелираме до МВР и Министерството за труд и социјална политика да ги превземат сите неопходни мерки за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство“, пишува во соопштението од ДОМ.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски