ДОМ : Наместо прогон, пристап до медицинскиот канабис за болните

Од:

ДОМ апелира до институциите за прогон да не се занимаваат со гонење на граѓани кои за свое лекување или за лекување на други болни лица бараат начин како да дојдат до медицински канабис. Сметаме дека неправедно се малтретираат луѓе како Филип Достановски од организацјата за медицински канабис ,, Зелена алтернатива”.

Наместо прогон потребен е по брз и поефтин пристап до медицинскиот канабис за болните лица.Тоа значи дека е потребно да се либерализира целата постапка за производство на овие препарати, се разбира, со конрола од државата. Но мора да се обезбеди пониска цена за лекот, по можност од домашно производство.

ДОМ го поддржа легализирањето на употребата на медицински канабис и поднесе редица амандмани за поголема достапност за болните по пониски цени. Тогаш беа одбиени амандманите но време е да се преиспита законот и во него да се интервенира.

Би можело да ве интересира

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски