А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДОМ: Колку Лондонски смогови голтнавме зимава и до кога?

by А1он24/12/2018 - 14:50223
Share0

„ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветер да го расчисти небото: колку Лондонски смогови голтнавме зимава и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување!

Добивај вести на вибер

За појаснување, Лондонскиот смог се случил 1952 година, кога по петдневно екстремно загадување во Лондон се проценува дека умреле околу 4.000 лица, а во следните месеци уште 6.000. Тоа бил силен аларм за надлежните да преземат итни краткорочни мерки, пред се рестриктивни правила за индустријата и домаќинствата за употребата на горива. Подоцна, во 1956 година е донесен и првиот Акт за чист воздух за Обединетото Кралство, прв таков и во светот.

И македонските надлежни треба да одлучат да се применат итни мерки кои се познати и пропишани: пар-непар за колите, бесплатен јавен превоз, забрана за тешки возила во градските центри, стоп за градилиштата, преполовување на индустриското производство, засилена контрола на сите стопански загадувачи (големи, средни и мали), миење на улиците. Паралелно треба да течат субвенции за печки и горива за домаќинствата, транзиција од фосилни во обновливи горива, како и редица други мерки“ се вели во соопштението на ДОМ.

domzagaduvanje

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Горан Наумовски23/12/2025 - 18:46

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 11:4421/12/2025 - 11:51

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 11:3517/12/2025 - 12:32

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен