А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДОМ бара од Уставен да постапува по пријавите за ДУП-овите во Карпош

by А1он20/04/2018 - 14:26166
Share0

ДОМ јавно ги прашува членовите на Уставниот суд зошто не постапуваат по 4-те пријави за скандалозните ДУП-и во Карпош, поднесени од граѓанската иницијатива Коалиција О2 за чист воздух? Во пријавите за ДУП 3 06, 3 04, 3 05 и С3 19, јасно е наведено прекршувањето на процедурата за донесување, со тоа што не е објавена Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина на официјалната страна на општина Карпош.

Добивај вести на вибер

„Евентуалната реализација на овие спорни ДУП-и би значела натамошно загрозување на животната средина на жителите на општина Карпош, но и на сите Скопјани, имајќи го предвид обемот на население што се планира да се „всели“ во нацртаните градби со гиганстски димензии. Ниеден од овие ДУП-и немаат предвидено 20% зеленило, како што стои во одредбите од Законот за урбано зеленило, донесен во јануари оваа година, како егзистенцијален минимум за нормално и квалитетно живеење! Сите тие планови го прекршуваат Генералниот урбанистички план на Скопје во одредбите за обезбедување еколошки услови за живеење (растојание меѓу објекти, зеленило, проветреност, осончаност, движење на пешаци и моторни возила, инфраструктура и сл.).

Несфатливо е зошто Уставниот суд веќе со месеци ги крие пријавите за ДУП-те во Карпош во фиока, а постапува по нови подоцнежни пријави, спротивно на законската обврска и пракса. Ова не наведува на помисла дека некој, или некои од уставните судии се во директна спрега со заинтересираните инвеститори на овие „гигантски“ објекти. Затоа јавно ги прашуваме дали е ова така како што изгледа од страна, а ако не е, ги повикуваме да ги земат предметите, да ги анализираат и да донесат чесна одлука во интерес на граѓаните на Карпош, а не во интерес на урбанистичкиот мега-бизнис!“, се вели во соопштението на ДОМ.

domkarposustaven

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он26/11/2025 - 17:2726/11/2025 - 17:28

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски16/11/2025 - 13:1316/11/2025 - 14:43

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 16:34

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:54

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:29

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ13/10/2025 - 17:1813/10/2025 - 18:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен