ДОМ бара да се спроведат краткорочните мерки против загадувањето на воздухот

Од:

Демократската обнова за Македонија бара да се спроведат краткорочните мерки против загадувањето на воздухот во случаи кога во 10 последователни дена ПМ 10 честичките се над 100 микрограми.

Портпаролот Тони Ристов денеска посочи дека загаденоста во Скопје, Тетово, Битола, Кичево и другите поголеми градови е висока.

– Покрај овие краткорочни мерки, ДОМ бара да започне спроведувањето и на среднорочните мерки што ги предвиде координативното тело. Меѓу нив е и мерката за планско обновување на постоечките и создавање нови зелени површини. За таа цел нема поефикасен начин од институционална заштита на зеленилото преку Закон за зеленило, кој е одамна изготвен и усогласен со многу институции, рече Ристов на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите