Докторка од Србија без лиценца породувала со царски рез во Битола, кривични пријави и за лекарите кои ѝ дозволиле

Од:

Битолската полиција поднесе кривични пријави за доктори од Битола, кои на почетокот на годината на невработена докторка-гинеколог и дозволиле изврши оперативна интервенција, породување со царски рез врз родилка во Одделение за гинекологија и акушерство при битолската болница.

МВР информира дека СВР Битола денеска до битолското ОЈО поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Кривична пријава е поднесена и против А. В (33) од Белград, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница-Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 1 јануари 2021 година без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош – изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциска сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 1 јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски