Лекарите и пациентите нервозни, Фондот не гледа проблем: И по неколку недели се чека комисиите да продолжат боледување

Од:

Лекарите се жалат дека предмети за продолжувања на боледувања на пациенти со недели им стојат нерешени од страна на лекарските комисии. Во групи на социјалните мрежи, кои матичните лекари ги користат за да си помагаат едни на други, има десетици реакции. Тие пишуваат дека пациенти кои треба да останат на боледување повеќе од 15 денови, и по неколку недели, не добиваат одговор од лекарските комисии за продолжување на отсуството од работа. Фондот за здравствено осигурување – негира. Оттаму велат дека имало проблем, но е надминат. Лекарите, имаат притисоци и од матичните пациенти, на кои пак, работодавачите им бараат документација за да го оправдаат отсуството.

„Од 26.01 имам пратено и немам одговор. Се мислам да ги пратам пациентиве лично да си одат кај нив“, пишува лекари откако електронски поднела барање за продолжување на боледување, на што друго медицинско лице одговара: „Премногу време е, а не сите боледувања се за ковид. Вака не знаеме ни ние, ни пациентите, на што сме“.

Една од лекарките посочила дека има информација дека комисиите немаат интернет конекција, па затоа предметите се трупаат и седат нерешени. На ова, нејзина колешка одговара: „А што да им кажеме на пациентите, од работа им бараат покритие за тие денови. Нека напишат рачно ако немаат интернет“.

Две матични од Скопје исто така се пожалија дека од Лекарската комисија немаат одговор за предмет поднесен на 31 јануари, иако е веќе  9. февруари.

Но за Фондот за здравствено осигурување, проблем во моментов – нема. Оттаму велат дека не е точно тоа што го велат лекарите, дека причина за застојот било немањето на интернет конекција. Застој со предмети имало само на почеток од јануари.

„Причината за застојот кој настанал е што најголемиот дел од членовите на Лекарските комисии биле позитивни на ковид. Ваквата состојба е надмината на почетокот на јануари. Лекарските комисии сега работат со полн капацитет. Тоа може да се види и по бројот на решени предмети заклучно со 28.01. 2022 година. Нема заглавени предмети, се е решено и се решаваат тековно како што пристигнуваат. Само како податок, петте лекарски комисии дневно добиваат од 600 до 650 предмети и ги решаваат без застој“, уверуваат од Фондот за здравствено осигурување во одговорот за „А1он“.

Откако се смени принципот на функционирање поради пандемијата, па матичните лекарите станаа задолжени електронски да поднесуваат документи во име на пациентите за да им се издаде продолжување на боледување, тоа наиде на многу проблеми. И во минатото, лекарите се жалеа дека мејловите со документи завршувале како „спам“, па членовите на комисиите не ги гледале, а со тоа, ниту решавале и одговарале.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов