Доктори од Штип и Благоевград ќе формираат прекуграничен кластер за здравство

Од:

Во Штип денеска и утре се одржува настан „Отворени денови на здравството“ на кој учествуваат доктори од Клиничката болница – Штип и Регионалната комора на лекари од Благоевград, кои ќе формираат прекуграничен кластер за здравство.

Проектот се разлизира со финансиски поддршка од ИПА програмата за Меѓугранична соработка Македонија и Бугарија, како и со поддршка на Центарот за развој на Источно планскиот регион.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева на денешната прес-конференција истакна дека Благоевград и Штип го формираат првиот прекуграничен кластер за здравство.

– Основна цел на Кластерот за здравство е што повеќе да се зближат двете страни, да се воспостават линкови, односно врски меѓу докторите од едната и другата страна, потоа меѓу институциите, а со единствена цел и во насока на подобрување на здравствените услуги кои што се даваат на пациентите, како и воведување на одредени иновативни решенија во лекувањето, рече Здравева.

Претставникот на регионалната комора на Благоевградскиот регион, Георги Георгиев истакна дека здравствениот кластер има за задача преку активности да се надминат заедничките недостатоци, со кои се соочуваат здравствените системи на двете држави, но и да се црпат позитивни искуства. Во рамки на проектот се набавени и неколку софистицирани апарати. Болницата во Благоевград доби современ апарат за онкологија, а Штипската болница апарати за поставување на врвна дијагностика во областа на оториноларингологијата

– Во рамки на овој проект досега се спроведени неколку активности, со кои преку воведување на иновации ќе се зајакне капацитетот на младите специјалисти. Целта на овој проект е да се привлечат младите лекари и да се обучуваат од страна на своите повозрасни колеги од Бугарија и Македонија и тоа во областа на каридологијата и онкологија, рече Георгиев.

Во рамки на проектот денеска и утре лекарите од Благоевград ќе може да посетат неколку приватни клиники, како и Штипската клиничка болница.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море