Анестезиолошки техничар, вработен на КАРИЛ, Жарко Грозданоски. се товари дека го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро, по претходно склучен договор за доживотна издршка, дознава А1он.
Грозданоски е лидер на организацијата „Христијанско братство“ и против него во 2019 година е поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер Зоран Заев „Христијанско братство“ во 2018 година најави дека ќе се борат до крај за да не дозволат референдумот за промена на името на државата да успее:
СВР Охрид го расчисти убиството на Митревски, кој беше сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак”. Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството, информираа од МВР.
Според непотвредените информации, Жарко Грозданоски. и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.
Наследството кое Грозданоски. сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра.
Неофицијално, обвинетиот свесно го „забрзал умирањето“ на жртвата за побрзо да се стекне со владеење врз имотот.
Жарко Грозданоски е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие. Истрагата продолжува, случајот е проследен и до Јавното обвинителство, велат од МВР.
