Доктор на науки отпуштена од Здравство: „Новиот министер, штом влезе во кабинетот, ме избрка без причина“

Од:

Се уште не седнат во фотелјата, новиот министер за здравство Фатмир Меџити еднострано и предвреме го раскина договорот со преведувачката Доника Бакиу која беше ангажирана во Министерството за здравство со договор на дело.

Доника Бакиу е доктор по филолошки науки која за време на коронавирусот доброволно преведуваше од македонски на албански јазик во групата наречена “Карантин” за време на пандемијата, а потоа во министерството ја ангажираше претходникот на Меџити, Беким Сали.

Со Министерството за здравство имаше договор на дело до крајот на јуни, но министерот Меџити кој доаѓа од Алијанса за Албанците, одеднаш, по само еден месец од потпишувањето, и го раскинува истиот и ја остава без работа.

Доника Бакиу за „А1он“ откри дека и било испратено само известувањето за раскинување на договорот и дека не добила од Меџити никакво писмено објаснување зошто ја отпушта од работа.

– Го добив само решението за еднострано раскинат договор. Министерот не ми објасни ништо, а договорот ми беше со важност до крајот на јуни – рече Бакиу за „А1он“.

Доника смета дека не направила ништо лошо ниту некаква неправда за да го заслужи ова, а на прашањето на „А1он“ каде ќе ја бара правдата, Доника рече дека не знае дали да им верува на институциите и на луѓето.

– Бев дел од кабинетот на министерот Беким Сали на кого секогаш ќе му бидам благодарна затоа што лично ми се јави откако разбрал за моето волонтирање во групата. Соработката со него беше прекрасна. Не знам дали ќе преземам нешто, не знам дали да верувам некаде. Министерот, штом влезе во кабинетот, првата работа што ја направи беше да ме отпушти – коментира Доника.

Претходникот на Меџити, Беким Сали кој беше кадар на Алтернатива, се огласи на социјалните мрежи застанувајќи во одбрана на Доника Бакиу.

„Од почетокот на пандемијата, во најтешките денови, Доника доброволно преведуваше од македонски на албански јазик. Не штедејќи ништо од себе, без никаква материјална добивка, на сите албански семејства им дала информации за КОВИД-19. Во моментот кога станав шеф на Министерството за здравство, ја поканив Доника да биде дел од кабинетот. Беше привилегија да ја имам за колешка, поради нејзината професионална подготовка, но и како модел за успешна албанска младина. Затоа никогаш не се грижев за нејзината политичка определба.

Доволна ми беше нејзината професионалност. Но, вчера добив вест дека Доника ја напушти оваа функција. Ништо трагично за Доника, која е примерен професионалец, која има докторат на млада возраст. Сепак, ова е лош пример за времињата во кои живееме, кога доброто и вредното се избркани и протерани. Така се стимулира младинското движење.

Трагично е што дури и субјекти кои пред не повеќе од 1 месец се изјаснија дека се против политички реваншизам и партиски вработувања сега се извршители“, напиша Сали на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ