Договорено гласањето со отпечаток да влезе во Изборен законик, за една изборна единица и отворени листи ќе се преговара

Од:

Премиерот Зоран Заев кажа дека уште утре ќе се почне со измена на Изборниот законик во кој ќе се внесе гласање со отпечаток од прст, како дел од договорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев кажа дека од утре работни групи во законодавниот дом ќе разговараат и за отворени листи, како и локални избори во еден изборен круг. По средбата, премиерот кажа дека со Мицкоски договориле и одблокирање на Собранието.

„Одложување на пописот од 5 септември до 25 септември, а изборите од прва во втора половина на октомври. Важно е што дијаспората ќе продолжи да се попишува и ги повикувам нашите граѓани во странство да се попишат. Ова е важна статистичка операција. Логично е дека внимаваме да не поклопи кампањата со пописот, така што таа ќе се одложи. Делот што го договоривме за одблокирање на Собранието е важен, односно законите, како што се за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки, законите за клинички центар, АВМУ/МРТВ закони кои се заглавени повеќе од година и пол, Законот за државјанствата, законите за пензионирање, законите за екологијата, законите од европската агенда. Верувам дека во периодот што  престои ќе има покомфорна атмосфера и законодавниот дом ќе биде одблокиран. Прифативме уште утре да влезе во Изборниот законик гласањето со отпечаток од прст. Со самиот Изборен законик зедовме обврска да почнат да работат групи и да се разговара за отворени листи, како и за барањето на избори во еден изборен круг. Но, и да се разговара за една изборна единица за парламентарни избори“, рече Заев.

И Мицкоски по средбата кажа дека за овие прашања е постигната согласност со Заев.

„Се согласивме и веќе утре во рамките на Парламентот ќе биде измената на Изборниот законик што се однесува на терминалите за вчитување на отпечаток на прст. Очекуваме успешно да биде изгласана во Собранието. Се согласивме да ги охрабриме групите кои преговараат за Изборниот законик, а тоа се предлозите за измена во една изборна единица, отворени листи за советници на следните избори, избор на градоначалник во прв круг, последно, се разбира, тука се гласање на дијаспората на следните парламентарни избори надвор од дипломатско-конзуларните претставништва, и последно, имплементација на препораките од ОБСЕ“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ