Договорена средба меѓу Димитров и Дачиќ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров остварил телефонски разговор со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ. Во отворен разговор во врска со неодамнешните случувања, министерот Дачиќ информирал дека персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на утрешниот ден.

Согласно договореното меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договориле да се сретнат веќе овој петок во Ниш, Република Србија.

Би можело да ве интересира

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он