Доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на Скопје за 2023

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска свечено им ги додели традиционалните награди и признанија на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2023 година, кои во текот на изминатата година ја демонстрирале својата храброст и солидарност. Радува фактот што станува збор за луѓе избрани од својот колектив како најдобри, со што се надеваме ќе се поттикнат сите наши сограѓани да ја покажат својата храброст и хуманост.

За најдобар пожарникар во 2023 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Здравко Милевски предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Милевски во изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со што придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

За најдобар полицаец е прогласен Сашо Божиновиќ, вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје. Божиновиќ е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје и значаен придонес во тимот.

Светлана Трајкова е најдобра жена крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2023 година, која е предложена од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан волонтер и истакнат позитивен пример, кој претставува поттик на сите генерации да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции. Трајкова е добитник и на признание за најуспешна жена крводарител која Црвен крст на град Скопје традиционално jа доделува по повод 13 Ноември.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска традиционално им додели пригодни награди на најистакнатите поединци и во име на градот упати честитки, посакувајќи им многу успех во новата година.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он