Доделени наградите од „Елколект“ за депониран електричен отпад во Куманово

Од:

Во рамки на наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“ која ја организираа лиценцираниот колективен постапувач, „Елколект“ и општина Куманово денеска беа доделени пет награди за граѓаните на општина Куманово кои депонираа електричен или електронски апарат во еден од еко магацините .

Во наградната игра, која има за цел да ја подигне свеста за одлагање на овој вид отпад на точно определени локации, учествуваа близу 400 граѓани.

-Акцијата има за цел да ги поттикне граѓаните да го отстранат опасниот отпад од домашните и деловните простории и да го остават на пропишани места, истакна Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина во општина Куманово.

Посочи дека акцијата продолжува и по завршување на наградната игра и дека граѓаните ќе можат да го остават електронскиот и електричниот отпад во Куманово на веќе утврдените локации.

Според, надлежните од „Елколект“ се очекува да бидат собрани 12 тони отпад. Здравко Зинзиров, маркетинг менаџер од компанијата посочи дека овој отпад е штетен по човековото здравје и дека постојат „диви“ депонии каде се депонира овој отпад кој и штети на непосредната животна средина.

Конкретни податоци, колку електронски и електричен отпад има, во Македонија не постојат но се претпоставува дека има неколку стотици тони, велат од „Еколект“.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски