Додека Ахмети е лидер Албанците нема да видат мака, ДУИ го претставува мнозинството му порача Османи на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи како ризична за државата ја оцени изјавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека по завршувањето на парламентарните изборите и по евентуалната нивна победа ДУИ ќе оди во опозиција зашто, како што рече, спомнувањето на ДУИ е спомнување на мнозинската волја на Албанците.

Прашан за коментар на изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали стравуваат дека ќе одат во опозиција, Османи рече дека не е првпат да се бара ДУИ да оди во опозиција.

-Се сеќавам и на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше зошто ДУИ да не оди во опозиција и знаме каков беше исходот понатаму. Овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи во добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија како што сме ние. На ВМРО можам да им кажам дека додека е ДУИ и додека е Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно од глава. Сите такви закани се безвредни, рече Османи во одговор на прашање на денешниот брифинг во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Годишната конференција на ОБСЕ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи како ризична за државата ја оцени изјавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека по завршувањето на парламентарните изборите и по евентуалната нивна поб

На забелешката на новинарите дека се спомнува ДУИ, а не сите Албанци и зошто вели меѓуетнички тензии, Османи рече дека „токму ДУИ е мнозинската волја на Албанците“.

-Спомнувањето на ДУИ е спомнување на мнозинската волја на Албанците. ДУИ ги претставува Албанците и тие не се паднати од небо. Некој ги избрал да ги претставуваат Албанците. Мнозинската волја на Албанците е кај ДУИ и затоа овој обид за создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи емоцијата кај Македонците мислам дека е далекусежно ризично за државата, потенцира Османи.

За големоалбанските пораки искажани на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Шкупи и Вардар рече дека не ги чул и додаде дека е спротивна на законот и е казнива секоја изјава која предизвикува меѓуетничка омраза и нетолеранција.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он