Обвинетиот Тони Трајковски се појави на денешното рочиште за случајот „ТНТ“, каде се товари за незаконско рушење на објектот „Космос”. По неколку одлагања поради тоа што се жалеше на неговата здравствена состојба, Трајковски пред судијата Ставрев рече дека ситуацијата му се подобрува, иако се уште не е во добра здравствена состојба.
„Полека полека се подобрува ситуацијата. Не сум како што треба”, рече Трајковски
„Добро изгледате”, рече судијата Огнен Ставрев, на што, Трајковски одговори со „Ви благодарам на комплиментот”.
„Се уште имам боледување од комисијата, но ќе го следам рочиштето за да не се одлага. Ваква ситуација не би сакал никој да се најде, а беше нешто ново за мене”, рече Трајковски.
Адвокатот Мерџан Даути, бранител на Елисавета Најдовска на почетокот од рочиштето бараше превод на албански јазик, сите докази доставени до судот.
Ставрев рече дека на сите рочишта ќе има симултан превод, а листата на докази ќе ја добие преведена на албански.