А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

До среда ќе се укине таксата од 100 евра за македонските камиони на Косово

by А1он24/06/2013 - 12:5924/06/2013 - 13:24134
Share0

Министерот за економија Ваљон Сарачини очекува до среда да биде надминат проблемот со плаќање такса од 100 евра од камион за влез во Косово што го имаат македонските транспортери.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Главниот проблем  е во Договорот за регулирање на патниот сообраќај, поточно членот 6 со кој се регулира делот на транспорт во трети земји. Има постојана комуникација меѓу двајцата министри за транспрот и врски. Очекувам тие до среда да го регулираат ова прашање и нашите превозници во Косово да нема да имаат потреба да плаќаат такса од 100 евра со што ќе се задржат добрите економски односи меѓу двети земји, изјави Сарачини одговарајќи на прашање по потпишувањето Договор за туризам со заменик претседателот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила.

Тој нагласи дека е неопходно двата министри да имаат слух за надминување на проблемот.

– Мислам дека веќе имаат закажано средба за да го решат ова прашање или, пак, во овие два дена преку телефон ќе се договорат за да може до среда да се реши проблемот, посочи Сарачини.

Вицепремиерката Кусари-Лила рече дека одредбата што ја спроведува Министерството за инфраструктура е за заштита на косовските интереси.

– Од пред две години од косовска страна иницирано е потпишување на договор за соработка во областа на транспортот меѓу двете земји. Не знаеме зошто има двоумење и се уште не се потпишува од македонска страна. Се надеваме дека ќе се надминат проблемите со оваа такса со договорот кој треба да се потпише до среда, рече Кусари-Лила.

kosovo

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он15/10/2026 - 17:5115/10/2026 - 17:54

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он08/10/2026 - 09:0008/10/2026 - 09:01

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 08:07

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 19:02

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски23/09/2026 - 11:1423/09/2026 - 12:49

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:3916/09/2026 - 11:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео