До сабота обновување на истечен договор со ЈП Паркинзи на општина Центар

Од:

ЈП Паркинзи на општина Центар ги известува жителите на населбата Капиштец и корисниците на нивните услуги, чии договори се истечени или набрзо истекуваат дека најдоцна до сабота треба да ги обноват истечените договори. Треба повторно да аплицират  за нова налепница за да може да ги користат поволностите што ги нуди ЈП Паркинзи на општина Центар.

Граѓаните за да го обноват истечениот договор потребно е да достават лична карта (оригинал на увид) и сообраќајна дозвола (оригинал на увид). Еднократниот надомест за обновување на истечен договор изнесува 100 денари. По обновување на истечениот договор се склучува нов во траење од една година.

Со обновување на договорот, граѓаните добиваат нова налепница со која ќе можат бесплатно да го паркираат својот автомобил на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2.

Поволностите за бесплатен паркинг нема да може да се користат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на  јавните  паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „ Судска палата“.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он