До крајот на неделава треба да стигне лекот за пациентите со цистична фиброза

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава.

-Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Тој додаде дека по денешната прес-конференција ќе провери дали има одговор.

-Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување на пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена. Сега имаме јавна административна пречка, ама ќе ја надминеме, нагласи Филипче. Додаде дека разговорал со директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Љирим Шабани, кој, како што истакна, рече дека ќе излезат во пресрет.

Би можело да ве интересира

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Предраг Петровиќ

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави