До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и експерти.

– Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода што ќе има нормални граници на хлор и која ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека надлежните продолжуваат со активностите на терен оценувајќи дека состојбата во општината претставува дополнителен предизвик.

– Работиме и таму, за жал, таа летаргија што ја зафати Општината по овој случај, претставува предизвик за сите нас, но тоа е што е, иако тоа не се ингеренции на Владата, ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ за што побргу профункционира системот и се стави во употреба – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски