А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

До крајот на месецот проверка на претпополнетата годишна даночна пријава

by А1он26/05/2019 - 09:00353
Share0

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до крајот на овој месец, односно 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.

Добивај вести на вибер

На електронскиот систем на Управата за јавни приходи регистрирани се над 680 илјади даночни обврзници кои оствариле приход во текот на 2018 година. Тие треба на својот кориснички профил да ја проверат испратената препополнета Годишна даночна пријава и да ја потврдат или да ја кориригираат.

Од УЈП за МИА информираат дека од 1 јуни Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава, коригирана или потврдена.

– Исто така од 1 јуни 2019 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓанинот не се ниту потврдени или коригирани, појаснуваат од УЈП.

Оттаму додаваат дека годишната даночна пријава што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата, посочуваат, ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

–Пресметана разлика за доплата по годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обврска да ја платат најдоцна до 30 јуни 2019. Согласно законските одредби УЈП, како што наведуваат, нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.

Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200.

Воедно, ги повикуваат и граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок.

danokujp

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:36

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:36

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он10/03/2026 - 15:27

УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок

Горан Наумовски24/02/2026 - 10:32

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто