До каде е истрагата за Младенов?

Од:

Истражниот судија преку писмена ургенција повикува надлежните да ги интензивираат активностите и да подготват извештаи за несреќата- едниот во МВР од вештањето на возилото и другиот во Институтот за судска медицина за обдукцијата на телото на Никола Младенов. Во судска медицина признаваат дека анализите се при крај но потсетуваат дека судот не треба да ургира, туку треба да си ги плати долговите. Судовите ја поминаа сумата од еден милион евра долг кон Судска медицина, а неофицијално се споменува дека долгот е 1,5 милиони евра. Во такви услови, Институтот залудно има нова опрема, кога анализите ги прави на свој трошок. Дали заради ваквите финансиски несогласувања доцни извештајот од обдукцијата на Никола Младенов, во Институтот не откриваат.

Кај истражниот судија ја нема ниту анализата од возилото. За тоа ќе требале уште неколку дена, тврдат во МВР. Сега се фокусирани на проверката дали во сообраќајката имало и друго возило, откако првичните наоди од обдукцијата покажаа дека Младенов немал ништо претходно, туку настрадал од силните удари во возилото. Истрагата ја има утврдено брзината на движење критичниот момент, но нема да се соопшти се додека не завршат сите вештачења.

Генерално е утврден и правецот како се движел мерцедесот на Младенов, само останало да се допровери дали прво удрил лево во бетонската ограда, а потоа излетал десно, преку банкината во ендекот, со оглед дека на бетонот има траги од неговото возило.

Инаку телото на Младенов е пронајдено 20-тина метри надвор од автомобилот кога пристигнала полицијата. На терен се уште е видливи траги од остатоци од мерцедесот кои истражителите не ги подигнале, а се гледаат и белешките од увидот. До сега во мерцедесот е откриена една сметка од наплатена патарина од околу 20 часот.

Се претпоставува дека тогаш Младенов излегол од Скопје. Непознато е дали има други ливчиња од патарината. Вечерта зборувал со сопругата и го најавил своето доаѓање. Претходно разменил и неколку СМС пораки со еден пријател од Скопје.

Нејасно е се уште каде патувал Младенов тој податок го отежнува и фактот дека до сега се нема пријавено лице кое ќе потврди дека имал средба со новинарот на „Фокус“ пред трагедијата. До понеделник е извесно дека надлежните ќе мора да соопштат информации за несреќата, во очекување дека МВР ќе заврши со вештачењето, а судска медицина ќе го предаде извештајот, а подоцна ќе го наплати и него и големиот долг, за кој се чека одобрување од Судскиот совет.

А1он

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска