До ДИК за гласање до денеска се пријавени 1.519 граѓани кои живеат во странство

Од:

Вкупно 1519 граѓани на Република Македонија кои живеат во странство се пријавиле до денеска до 15 часот се пријавиле за гласање преку електронската апликација на веб страната на Државната изборна комисија.

Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 977 пријави, 47 се добиени,а 495 се во процес на обработка.

Државната изборна комисија, ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии  ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Државната изборна комисија наведува дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се лична карта, потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава, дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава, работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава, возачка дозвола, македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии и друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања