До 31. март рокот за пререгистрација на невработени лица во ФЗОМ

Од:

Фондот за здравствено осигурување денеска ги повика во нивните служби повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство врз основ на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.

– Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот според местото на живеење, изјави Џемали Мехази, директор на Фондот.

ФЗОМ, додаде тој, апелира и ги повикува граѓаните опфатени со овој повик што поскоро да извршат пререгистрација и да не го чекаат последниот момент за пререгистрација за да се избегнат гужвите, доцнењата и нервозите, но истовремено Фондот сака да се осигура дека нашите осигуреници ќе си ги остваруваат своите права во континуитет.

Невработените лица носители на здравствено осигурување потребно е да се пререгистрираат во подрачните служби на ФЗОМ, а во поголемите градови и на шалтерите на ФЗОМ во просториите на агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Пререгистрирањето, како што објасни тој, е со цел да се изврши промена на основот на осигурување, со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации, како и потполнување на барање за издавање на електронска здравствена картичка.

Мехази соопшти дека одѕивот на невработените лице е многу слаб иако рокот започна на 1 февруари.

– Половина месец од започнувањето на пререгистрацијата само 14.785 лица, од вкупно 228.548 лица носители на здравствено осигурување, односно само 6,47 отсто извршиле пререгистрација, изјави директорот на Фондот.

Основот за здравствено осигурување според член 5 став 1 точка 6 (невработени лица) од законот за здравствено осигурување е на товар на буџетот на Македонија како категорија.

– Со измените на законот од 1 септември 2011 за невработените лица кои извршиле пререгистрација, буџетот на Република Македонија преку Министерство за здравство ќе продолжи да плаќа за здравствено осигурување, изјави Мехази.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов