До 15 јули ќе бидат вакцинирани сите пријавени, најавува Филипче

Од:

Од понеделник во наредните две недели ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавени. Списокот е ревидиран и тие ќе добијат термини и до 15. јули ќе бидат вакцинирани. Стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани и има сосема доволен број. Ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во образовните институции. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче денеска одговорајќи на новинарско прашање, потврдувајќи дека попладне стигнуваат вакцините од Фајзер.

-Списокот е ревидиран, што значи без разлика кога се пријавиле граѓаните, почнувајќи од понеделник сите ќе добијат термин во период од две недели. Од понеделник во следните две недели ќе бидат вакцинирани и најмладите пријавени, но предност ќе имаат постарите, истакна министерот.

Тој додаде дека вакцините Фајзер ќе бидат дистрибуирани до осумте големи центри за имунизација поради можноста за чување во фрижидерите, а вакцините Синовак и во големите и во помалите центри.

– Сега стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани, а ќе се интензивира и кампањата. Го подготвуваме и системот за теренска вакцинација кој ќе почне на 15. јули, вели министерот кој очекува дека ќе се зголемува свеста за имунизација и дека поголем број од граѓаните ќе се вакцинираат.

Наведе дека засега нема да биде задолжително вакцинирањето, оти таква идеја нема во Комисијата за заразни болести и дека таков пример нема во светот, но оти треба се поголем број граѓани да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски