ДНЕТ со поддршка на градоначалничката кандидатура на Таравари

Од:

Кандидатот за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците и претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, потпишаа меморандум за соработка пред вториот круг за локалните избори закажани за в недела. Со потпшувањето, ДНЕТ ќе го поддржи Таравари во вториот круг од локалните избори за градоначалник на општина Гостивар.

– Таравари им е добро познат на гостиварци и мислиме дека потполно може да одговори на задачите што треба да ги извршува еден градоначалник. Верувам дека со него Гостивар ќе има добра иднина. Затоа како партија едногласно одлучивме да го поддржиме. Како ДНЕТ подготвени сме сиот наш капацитет да го насочиме кон победа на овие локални избори за градоначалник на Гостивар, изјави Сарач по потпишувањето на меморандумот во седиштето на партијата.

Таравари најави дека по изборите ќе се залага за поголеми права на турската етничка заедница во општина Гостивар

– Планираме оваа соработка со ДНЕТ да продолжи и во Советот на општината. Во меморандумот што го потпишавме се предвидени сите точки од соработката и одредени права на Турците кои треба да ги имаат во Гостивар, права кои ги имале пред деведесеттите години, а и со Рамковниот договор им следуваат. Мене ми е жал што досега тоа не било спроведено и се надевам дека ќе ја имам таа чест да им овозможам одредени права кои им следуваат законски. Нормално, сите тие права ќе ги донесе Советот и тогаш тие ќе бидат легални, рече Таравари.

Во барањата до идниот градоначалник беа наведен истакнување на знамето на турската заедница, воведување на турскиот јазик како службен и поголема застапеност во јавните установи со кадровски решенија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски