Државниот инспекторат за животна средина информира дека парично биле казнети физички лица кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште.
-Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции, стои во соопштението од инспекторатот.
Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор при што се казнети две физички лица.
-Вакви акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад, се потенцира во соопштението.