А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИЖС: РЕК Осломеј е голем загадувач и мора да се услогласи со еко стандардите

by А1он10/02/2021 - 11:28184
Share0

Државниот инспекторат за животна средина изврши редовен надзор во термоцентралата РЕК Осломеј. Инсталацијата, како што информираат, има доставено барање за добивање А интегрирана еколошка дозвола во 2007 година, но истата се уште не е издадена. Затоа, додаваат, надзорот е извршен согласно Законот за животна средина, Законот за управување со отпадот и Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Добивај вести на вибер

При надзорот, како што посочуваат, по увид во извештај за мерења од страна на акредитирана лабораторија, се утврдени надминувања на граничните вредности за емисија на прашина, иако отпрашувањето се врши преку електростатски филтер. Од старата депонија, отстранетата сува пепел која се складирала од електростатскиот филтер, се разнесува во услови на ветер. Согласно Оперативниот план од Барањето за добивање А интегрирана еколошка дозвола, инсталирано е водено отстранување на пепелта од електростатскиот филтер, па смесата на мокра пепел и шљака од котелот на јаглен се отстранува на депонија/лагуна формирана во јама од рудникот. Преливните води од лагуната се испуштаат во реката Темница и притоа не се врши мерење на нивниот квалитет. На рудникот се отстранува и комунален отпад и отпадни гумени ленти од транспортерите за јаглен. Санитарните и технолошките отпадни води се пречистуваат, но капацитетот на пречистителната станица не задоволува. Од 2016 година не се обновени договорите со лиценцирани компании за постапување со посебни текови на отпад, а постапувањето со отпадни масла не е сооодветно. Исто така, хемикалиите за припрема на вода не се чуваат безбедно.

РЕК Осломеј, наведуваат, ќе се задолжи емисиите на прашина да ги доведе во рамките на граничните вредности, да изврши мерења на преливните води од депонијата за пепел и шљака и да склучи договори со лиценцирани компании за постапување со отпад. Потоа, мора да ги подобри условите за складирање на отпадни масла и хемикалии и да се отстрани комуналниот отпад и отпадот од бескрајните гумени ленти за транспорт на јагленот. Санацијата на старата депонија за пепел и проширувањето, односно реконструкцијата на пречистителната станица, бараат поголеми финансиски средства и за спроведување на овие мерки ќе биде неопходно да се утврдат реалистични рокови.

Според Државниот инепкторат за животна средина, РЕК Осломеј е голем загадувач што мора да се услогласи со законски утврдените стандарди за заштита на животната средина, а државата мора да вложува средства за намалување на загадувањето.

dizs

Би можело да ве интересира

Гиновска: Одговорно тврдам дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното во Крива Река нема

А1он04/04/2025 - 15:4504/04/2025 - 15:47

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:41

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска30/12/2021 - 12:2730/12/2021 - 12:27

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска12/10/2021 - 13:0812/10/2021 - 13:15

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Ана Ололовска17/08/2021 - 13:16

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски04/08/2021 - 10:4504/08/2021 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен