(ВИДЕО) Потребни се средства за хигиена и за дезинфекција, конзервирана и бебешка храна

Од:

Во текот на изминатите неколку дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на жителите погодени од природната катастрофа и беа дистрибуирани 14.080 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 12.000 дневни оброци, 5.600 топли оброци, 3.369 лит. млеко, 4.172 лит. Јогурт, 1.343 пакети со хигиена, 95,5 тони вода, 405 пакети пелени, 496 душеци, 1758 кебиња, 600 кг облека, 286 парчиња чизми, 252 лит дезинтал. Укажани се 83 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицински транспорти.

Во целата операција вклучени се 110 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Екипите на Црвениот крст во текот на денешниот ден доставија камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.

Од денеска Црвениот крст започнаа и со активности во трите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ и Партение Зографски каде се сместени 150 лица со дистрибуција на дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и пешкири. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 20.987.497 денари на сметката на Фондот на солидарност.

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 12.636.000 денари со повик на телефоните.

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа, посочуваат од Црвениот крст на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

Орце Костов

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Орце Костов