Дискриманицијата кај децата Роми и натаму присутна

Од:

И покрај досега преземените мерки и активности, дискриминацијата на децата Роми во Македонија и натаму е присутна. Голема дискриминација се бележи во делот на матичната евиденција поврзано со прашањето за лицата кои не се запишани во матичните книги, присутна е појавата на сегрегација по етничка основа, особено кога станува збор за учениците Роми. Исто така, состојбата со децата на улица е алармантра, а 98,2 отсто од нив се Роми. Регистрирани се случаи на дискриминација и во областите домување и пристап до добра и услуги.

Ова се само дел од областите на дискриминација кај децата Роми, регистрирани во Извештајот „Дискриминација на децата Роми, меѓународна и домашна регулатива, национални политики и институционална поставеност – анализа на случаи од терен” што беше презентиран денеска, а е дел проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“.

За надминување на ваквите состојби, се наведува во извештајот, треба да работи на подигнување на свеста и капацитетите во институциите и кај граѓаните за заштитата од дискриминација, да се зголеми свеста за препознавање за дискриминација, особено кај жртвите припадници на ромската заедница. За надминување на констатираните состојби неопходно е домашната законската регулатива побрзо да се усогласи со меѓународното право и обврските што државата ги има прифатено, но и да се подобри имплементацијата на националните политики.

Премиерот Зоран Заев, кој се обрати на завршната конференција на проектот, рече дека државата има обврска да изгради едно општество за сите, не само како флоскула, туку реалнно и оти тоа е највисоко на агендата на Владата.

-Никој не смее да биде дискриминиран, ниту запоставен. Најмалку тоа смее да биде некое дете, особено децата од ранливите категории. За нас, таквите права и достоинствен живот за сите се искрена верба дека тоа е патот до успешна заедничка држава, дом за сите, рече Заеев.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар истакна дека иако во државата се преземаат многу активности за спречување на дискриминацијата, таа се уште е пристуна и може да се види на улиците, во фактот што многу од децата немаат никакви документи, живеат во лоши услови, немаат пристап до образование и други услуги. Затоа, рече, потребна е координација на политиките, усогласување на целите и изнаоѓање фондови и средства за нивна реализација.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека за овие проблеми треба да се зборува отворено, бидејќи, како што наведе, проблемите на Ромите се и наши проблеми, односно проблеми на целото општество. Прашање, е рече тој, дали сме подготвени да најдеме решение за проблемите и интерграција на Ромите во општеството. Ако е тоа така, во тој правец треба и да се делува, истакна Мемети.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска