Дисциплински мерки против 15 вработени во МВР

Од:

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 и 4 и член 207 став 1 точки 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“, а станува збор за:
Полицаец за БПС ПО за БПС Крива Паланка, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството);

Полицаец ПС од ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);

Виш инспектор за превенција ПС од ОН Кратово, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Виш инспектор за економски криминалитет НК за КР Кратово, ОКП, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Полицаец во ПС од ОН Гази Баба, СВР Скопје изречена му е мерка „писмено предупредување“ (бил затекнат во полулежечка состојба на работното место и не ги отпоздравил старешините);

Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил затекнат како спие на работното место);

Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил затекнат како спие на работното место);

Полицаец во ПС од ОН Кисела Вода, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (наредбата за вршење на мотопатролна дејност не ја прочитал внимателно и со тоа не постапил по една од предвидените работни обврски).

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски