Дисциплинска против вработен во Државниот архив, ненамерно додал три нули во јавна набавка на кетеринг

Од:

Одговорното лице за јавни набавки во Државниот архив направило грешка поради која на Бирото за јавни набавки излезе оглас во кој за речеиси 5 милиони евра Архивот бара служба за кетеринг услуги. Директорот на Државниот архив, Емил Крстески извести дека против одговорното лице е поведена дисциплинска постапка.

„По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони). Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење“, објасни директорот Крстески.

Вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, па невозможно е институцијата за кетеринг да има 5 милиони евра, нагласуваат од Архивот и апелираат граѓаните критички да ги примаат информациите на јавните мрежи, бидејќи веста за 5 милиони евра за кетеринг е нелогична.

Огласот на кој Државниот архив бара кетеринг услуги е повлечен од Бирото за јавни набавки

Би можело да ве интересира

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Ревизорите открија неправилности во работењето на Државниот архив

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски