Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Од:

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во врска со набавката на недозволените предмети кои викендов беа пронајдени во ќелијата на Јане Ченто, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.

Котевски за А1он вели дека моментално се врши внатрешна истрага во затворот во Шуто Оризари со цел пронаоѓање на инволвираните кои му помогнале на Ченто да добие мобилен телефон, полнач, импровизиран кабел за полнење и останати недозволени предмети.

-Моментално немам одговор на тоа како Ченто ги внел недозволените работи во ќелијата, имаме внатрешна контрола, работиме на разрешување на случајот. Се надевам набрзо ќе се дознае, не се исклучува можноста вработените да бидат вмешани во ова, вели Котевски.

А1он стапи во контакт и со сестрата на Јане Ченто која рече дека не знае многу за настанот, но пријатели кои имаат познаници во овој затвор ја информирале дека најверојатно некој од чуварите помогнал нејзиниот брат да го внесе мобилнот телефон.

Минатиот петок службените лица издале наредба Ченто да ги предаде недозволените предмети кои ги поседувал на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. На ова службените лица, како што вели директорот Котевски, реагирале со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби по што телефонот и останатите недозволени предмети му биле одземени. Ченто поминал без посериозни повреди со црвенило на кожата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На отпуст од 30 дена денеска се пуштени петмина осуденици од штипскиот затвор кои беа осудени за настаните од 27 април

Предраг Петровиќ

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Кристијан Ландов

Решението Мијалков да биде пуштен од притвор до вечерва ќе биде пратено до „Шутка“

А1он

Приведен крадец во Шутка, украдените премети вратени на сопственикот

А1он

Тинејџер пронајден мртов во Шутка

Жарко Настоски