Директорот на Охридската болница го правда секретарот: Да не објавеше сам, немаше да знаете

Од:

„Не знам зошто се направи толку голема работа од овој случај, станува збор за само една вакцина, човекот да не си објавел самиот на Фејсбук никој немаше да знае и да прави проблем“, вели директорот на Охридската болница Горан Балески.

Тој тврди дека секретарот Антонио Наумоски, и покрај тоа што не е медицинско лице како што беше наложено од Министерството за здравство, се вакцинирал оправдано бидејќи постојано помагал на пациентите заразени од ковид-19.

„Јас да можам цела болница ќе ја вакцинирам, таа е многу важна за Охрид и охриѓани“, вели Балески.

Тој објаснува дека кога требало сите помагале при разнесувањето на боци со кислород за ковид пациентите.

„Јас минатава година имам направено стотици операции и прегледи на ковид пациенти, но кога треба сум влегувал и во комбето за превоз. Еве некни шоферот не можеше, па јас возев“, вели Балески.

Претходно, по објавата дека административен работник се вакцинирал во Охридската болница, министерот за здравство Венко Филипче ја осуди злоупотребата на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.

„Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира. Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани“, реагираше министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице