Директорот на Катастар правел вештачење за „Топлик“: Антикорупциска вели не смее, но судот го прифати

Од:

Откако првото вештачење на Обвинителството за „Топлик“ не беше земено во предвид поради истечена лиценца на вештакот, судијата Осман Шабани дозволи да се изготви ново, кое го прифати, а е направено од истиот вештак. Ваквиот чекор на судот, да прифати изготвување и изведување на вештачење, се прави во време кога предметот е во доказна постапка и докази изведуваат обвинетите. Тоа е спротивно на Законот за кривична постапка, според кој, ова е дозволено кога предметот ќе биде во дополнување на доказна постапка.

Вештачењето е изработено од Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар. За него, Антикорупциска веќе се изјаснила дека не смее да изработува вештачења и да остварува приход од тоа. Но, ниту ова не го предомисли Шабани да го прифати вештачењето. Од коалиција „Сите за правично судење“ реагираат и велат дека судот не смее да зазема страна и мора да биде независен.

„Дополнителна дилема која се отвара по повод ова прашање е „вонредно“ брзата подготовка на новото вештачење од страна на вештото лице, кое што впрочем, како што беше посочено на денешното рочиште и од самиот суд, е идентично како и претходното. Она што дополнително остава „дамка” на водењето на оваа кривична постапка, а во насока на повреда на правото на фер и правично судење согласно меѓународните стандарди со кои им се гарантира правото на обвинетите во текот на судењето да ги уживаат сите права согласно Уставот, законите и меѓународните конвенции, е фактот што согласно закон, предвидено е дека судот може да издаде наредба за вештачење на начин што вештакот го определува по електронски пат, со примена на правилото на „случаен избор” од регистарот на вештаци, во присуство на двете странки, односно на јавниот обвинител и бранителот. Што овде не е случај, бидејќи новото вештачење е изготвено од страна на истото вешто лице определено од страна на судот“, реагираат од Коалицијата за правично судење.

Антикорупциска пак е децидна дека ако директорот Тунџев прифати да биде вештак во судска постапка, а за тоа е предвидено награда, тоа е спротивно на Законот за спречување корупција. Во него, децидно е наведено дека: „Службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост, освен ако со закон не е поинаку определено“. Тунџев, не смее да оствари приходи како вештак.

„Вештото лице кое го има изготвено претходното (неприфатено) вештачење, а кое е задолжено повторно да го изврши вештачењето со наредба на судот, е лице кое е актуелен директор на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН). Меѓутоа, согласно член 25 од Законот за катастарот на недвижности „Вработениот во Агенцијата не смее да врши никаква друга функција, должност или дејност поврзана со остварување на профит која е во судир со извршувањето на неговите работни обврски.“ Што значи, имајќи ги предвид овие околности, моменталниот директор на АКН, согласно одредбите предвидени во погорецитираниот закон, не би смеел да спроведе вештачење додека ја обавува оваа функција“, се додава и во реакцијата на Коалицијата за правично судење.

„Топлик“ се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески уште пет лица за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Би можело да ве интересира

Судијата Шабани не дозволи Јанакиески да оди во тоалет па се предомисли: Три саати зборувам, уста ми се исуши

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Јанакиески тврди дека не го оштетил буџетот со “Сончев град”: Нема пропуст, недостатоците беа отстранети

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Иако е владин директор и донатор на СДСМ, судот дозволи Тунџев да сведочи во „Топлик“

Кристијан Ландов

Од крај на август почнуваат судењата за предметите кои се вратија од почеток поради разрешениот поротник

Кристијан Ландов

Поради изолација на судијата Ставрев, одложено рочиштето за „Топлик”

Ана Ололовска

Kај Рашковски била принудена да промени мислење и да каже дека има штета во „Топлик“ за да не падне предметот, вели Миланов

Кристијан Ландов