Директорот на ФЗОМ Грповски во работна посета на Србија

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Јован Грповски заедно со секторските директори Аритон Фида, Бојан Цветковиќ и Саша Иванов во рамки на еднодневна работна посета денеска во Белград ќе се сретнат со директорот на Заводот за социјално осигурување на Србија, Зоран Пановиќ и со директорот на Републичкиот фонд за здравствено осигурување Момчило Бабиќ.

На средбата, соопшти ФЗОМ, ќе стане збор за примената на договорот за социјално осигурување меѓу двете земји во областа на здравството, како и новините и достигнувањата во здравствениот систем во изминатата година. Истовремено ќе се дискутира и за состојбата на пресметките и побарувањата по основ на меѓусебни обврски и побарувања кои произлегуваат од меѓудржавниот договор за социјално осигурување

На средбата, како што се наведува, тимовите на двете земји ќе имаат можност да се запознаат подобро со начинот на работа и  организацијата на здравственото осигурување со цел унапредување на меѓусебната соработка.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов